Врз основа на член 60 и 61 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/2019), ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево за запишување на децата во прво одделение во учебната 2021/2022 година сите родители односно старатели на деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, и на деца кои до 31 јануари наредната година (2022) ќе наполнат шест години ги известува за следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за запишување на ученици во прво одделение за учебната 2021/2022 година
- Уписот на децата во прво одделение во основното училиште ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево ќе се изврши во месец мај 2021 година за учебната 2021/2022 година, во просториите на училиштето ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево, по претходно утврден распоред од страна на комисијата.
- Родителот односно старателот на децата кои до крајот на календарската 2021 година ќе наполнат шест години, е должен да го запише детето во прво одделение во основно училиште.
- По исклучок, родителот односно старателот може да запише и дете кое ќе наполни шест години до 31 јануари наредната 2022 година, а по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
- При запишување на детето во прво одделение во основно училиште родителот, односно старателот е должен да ги достави следните документи:
- потврда за примените задолжителни вакцини за детето,
- фотокопија од извод од матичната книга на родените за детето,
- потврда од офталмолошки и стоматолошки преглед за детето.
- При запишување на дете со попреченост во прво одделение родителот односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнително образование, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
- Поднесување на документите може да се изврши и електронски на веб страната uslugi.gov.mk, после што родителите ќе бидат контактирани од страна на комисијата за упис во училиштето.
ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево
Директор,
Горан Димитровски