Врз основа на член 60 и 61 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Северна Македонија”  бр. 161/2019), ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево за запишување на децата во прво одделение во учебната 2021/2022 година сите родители односно старатели на деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, и на деца кои до 31 јануари наредната година (2022)  ќе наполнат шест години ги известува за следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за запишување на ученици во прво одделение за учебната 2021/2022 година

 

  1. Уписот на децата во прво одделение во основното училиште ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево ќе се изврши во месец мај 2021 година за учебната 2021/2022 година, во просториите на училиштето ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево, по претходно утврден распоред од страна на комисијата.
  2. Родителот односно старателот на децата кои до крајот на календарската 2021 година ќе наполнат шест години, е должен да го запише детето во прво одделение во основно училиште.
  3. По исклучок, родителот односно старателот може да запише и дете кое ќе наполни шест години до 31 јануари наредната 2022 година, а по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
  4. При запишување на детето во прво одделение во основно училиште  родителот, односно старателот е должен да ги достави следните документи:
  • потврда за примените задолжителни вакцини за детето,
  • фотокопија од извод од матичната книга на родените за детето,
  • потврда од офталмолошки и стоматолошки преглед за детето.
  • При запишување на дете со попреченост во прво одделение  родителот односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнително образование, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
  • Поднесување на документите може да се изврши и електронски на веб страната uslugi.gov.mk, после што родителите ќе бидат контактирани од страна на комисијата за упис во училиштето.

 

 ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево

Директор,

Горан Димитровски