По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, училишниот психолог Латинка Мановска Новоселска заедно со учениците од ученичкиот парламент и нивните заменици проведоа дискусија на тема – Ментално здравје, што тоа подразбира и како влијае врз животот на младите. Учениците имаа можност слободно да се изразат и да го кажат своето мислење за тоа како менталното здравје влијае врз нашиот живот и што да направиме за да го зачуваме истото. Според нив менталното здравје влијае врз однесувањето, размислувањето, емоциите, карактерот, постапките, училишниот успех, самодовербата, акциите и реакциите, односите со другите и тн.
Исто така за подигање на свеста за важноста на менталното здравје, реализираше работилници со учениците од одделенска настава на тема „Емпатија“ и „Оптимизам“, ставајќи акцент на емоциите, како и на зборовите и постапките со кои влијаеме врз чувствата на другите.