На ден 21.11.2024 г. со дел од учениците од VI до IX одделение од страна на училишниот психолог беше реализирана презентација на тема „Организирање на времето и справување со прокрастинација“, преку која учениците имаа можност да се запознаат со нови термини и нивното значење, поврзани со учењето.
Исто така низ презентацијата учениците се запознаа со некои стратегии за подигање на мотивацијата за учење, ентузиајзам и самодоверба. Стекнаа вештини за зголемување на мотивацијата за постигнување и успешно реализирање на своите цели. На крајот од часот дискутираа преку примери како учениците си го организираат своето време и на кој начин најлесно учат за да постигнуваат поголеми успеси.