Од страна на училишниот психолог Латинка Мановска Новоселска во ООУ ,,Св. Климент Охридски’’ Делчево на ден 02.12.2025 година беше одржана работилница со ученици од III одделение на тема ,,Сите чувства!’’, а на ден 03.12.2025 година беше одржана работилница со ученици од II одделение на тема „Кои работи ме прават среќен/среќна!“

За време на работилниците учениците имаа можност да ги препознаат чувствата, да ги одглумат, да ги поврзат со различни животни ситуации, да ги класифицираат во пријатни и непријатни, како и низ дискусија да извлечат заклучоци во однос на постапките кога доживуваме непријатни емоции и одговорноста што ја имаме за истите. Исто така се фокусираа конкретно на чувството на среќа, што е она што кај нив ја поттикнува и одржува среќата, како си ја претставуваат под формата на слика, како ја опишуваат, со кого ја споделуваат.