Денес по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10ти Октомври, училишниот психолог Латинка Мановска Новоселска реализираше работилница со учениците од Ученичкиот парламент.
Во една пријатна, поддржувачка и неосудувачка атмосфера во просториите на училиштето, учениците имаа можност да разгледаат некои митови и стереотипи за менталното здравје, слободно да дискутираат во однос на тоа, да разменат идеи и мислења помеѓу себе, како и да научат нешто ново за менталното здравје, неговите нарушувања и можностите за барање и пружање помош и поддршка кога тоа ни е потребно.
