Превентивна активност на РЦГР Исток и ОВР ДелчевоПолициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток Помошник командир за јавен ред и мир и превенција Марија Аџиска и Самостоен Инспектор за обука и превенција при РЦ за ГР Исток Влатко Калаџиски, од ОВР Делчево, денеска (14.10) во соработка со стручните служби во Општинското основно училиште „Климент Охридски“ во Делчево, одржаа едукативна работилница на тема: „Превенција од врсничко и сајбернасилство“.Преку разговори со учениците, децата беа запознаени и им беа појаснети начините како да се препознае и превенира навремено појавата на вербалното, физичкото и сајбер насилството. Исто така, учениците беа запознаени како да пријават говор на омраза и насилничко однесување во секојдневната комуникација во училиштето и надвор од него, како и идентичните такви појави на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе

10-ти Октомври – Светски ден на менталното здравје

По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, училишниот психолог Латинка Мановска Новоселска заедно со учениците од ученичкиот парламент и нивните заменици проведоа дискусија на тема – Ментално здравје, што тоа подразбира и како влијае врз животот на младите. Учениците имаа можност слободно да се

Прочитај повеќе

Во подрачното училиште во с.Тработивиште промовирани финалните резултати од Програмата РОМАКТЕД 2

Училиштето во с. Тработивиште доби три реконструирани училници, санитарни чворови и тоалет за лица со попреченост, но и нова пвц-влезна врата, нови училишни клупи, столчиња, шкафчиња и магнетна табла. Ова е резултат на инфраструктурниот проект реализиран во рамките на Програмата РОМАКТЕД 2, заедничка иницијатива во Западен Балкан

Прочитај повеќе

Ќе се реконструира дел од училиштето во Тработивиште

Седумдесет години старата училишна зграда во с. Тработивиште ќе се реконструира преку Програмата РОМАКТЕД фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.  Општина Делчево денеска ја објави Јавната набавка за „Реконструкција на одредени делови во ООУ ,,Св.Климент Охридски” село Тработивиште во рамки на

Прочитај повеќе